За нас Импресум Контакт

Новите книги во библиотеката „Гоце Делчев“ во Свети Николе

 

Објавено на 10.01.2019, прочитано 265 пати

Вчера (09 јануари 2018) м-р Никола Ристевски од Свети Николе, Овче Поле, автор и уредник на повеќе изданија за Овчеполието, подари книги на Градската библиотека „Гоце Делчев“ при Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе. Ова се први примероци од објавените изданија кои се достапни за изнајмување во библиотеката. Во библиотеката веќе се достапни по два примероци од Имагинариум - Имагинариумот на Доктор Сонѕе, Свети Николе - главната населба во Овчеполската Котлина, За Овчеполските работи и еден примерок од Зборник за Овче Поле - книга прва. Со овој скромен пакет од седум книги со малопродажна вредност од 3040 денари авторот најавува зголемување на книжниот фонд со уште изданија - Библиотеката постепено ќе добие примероци од сите негови дигитални и печатени книги. Годинава е 50 годишнина од постоењето на Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе и е возможно да се случи претставување и прикажување на дел од објавените книги и пред читателите и посетителите на Библиотеката „Гоце Делчев“.

Повеќе за работата на Никола Ристевски можете да прочитате на www.nikolaristevski.com