За нас Импресум Контакт

Агрегатот од германците и првото улично осветлување во Свети Николе

 

При крајот на Втората светска војна, кога Германците го напуштале Свети Николе, останале заробени двајца германски војници...

Објавено на 30.12.2018, прочитано 521 пати

Првото осветлување во Свети Николе било на газја со фенери поставени на столбови. Потоа биле поставени карбитни ламби, па бандери, кои со помпа ги полнеле со газја. При крајот на Втората светска војна, кога Германците го напуштале Свети Николе, останале заробени двајца германски војници. Германците на местото кај денешната нова амбулантска зграда имале поставено радар со агрегат и мотор од каде ја командувале војската и известувале. Тогаш Мишко Рабушчиски како претседател, презел мерки да се заштити агрегатот и есента 1945 година донеле одлука агрегатот да се пренесе во центарот на градот. Двајцата Германци биле задолжени да го инсталираат првото електрично осветлување.

(според кажувања на постари Светиниколчани)