За нас Импресум Контакт

Доаѓаат многу тешки денови, Антихристот е веќе на земјата

 

Доаѓаат многу тешки денови. Обрнете внимание на својата душа. Обединете се и ставете се во подвиг.

Објавено на 01.05.2018, прочитано 162 пати

Старец Ефрем излезе од изолираност. Нему Господ му одговори. Старецот молеше од Господ да го продолжи времето, но Господ рече дека антихристот е на земјата и дека сé започнува оваа година.

Нашето време е темпирано. Нé очекува тешка година и опасност за време на нашиот престој на земјата. Разбеснетиот сатана сака да нé проголта и да нé однесе во пеколот. Благочестивиот човек ќе се спаси и ќе ги избегне неговите заби и ќе се искачи на Небото.

Од година во година ситуацијата се влошува. Сé повеќе има грешници и блудници, гревот се множи. Таквата состојба не може да трае и ќе дојде Божјиот Суд. Затоа мораме да побрзаме да им помогнеме на нашите ближни да ги сакаме и љубиме.

Мораме да им помагаме на нашите блиски, но и на нашите браќа и сестри во Христа, да им помагаме во нивната болка и страдање. Ние сме сигурно заштитени ако сме под заштита на Пресвета Богородица, а во опасност сме ако живееме под јаремот на постојан грев кој е во моментов во пораст во светот.

Старец Ефрем Филотејски (Аризона, Мораитис) е духовно чедо на Јосиф Исихаст кој пишуваше за својот духовен отец во прекрасната книга „Мојот живот со старецот Јосиф’’.