За нас Импресум Контакт

Шлемот на Александар Македонски, Мерцедес и успехот на еден Македонец (интервју)

 

Интервју со Славче Таневски, успешен млад Македонец кој повеќе од една деценија живее и работи во странство.

Објавено на 30.12.2018, прочитано 569 пати

Интервју со Славче Таневски, успешен млад Македонец кој повеќе од една деценија живее и работи во странство. Разговорот го водеше Никола Ристевски, а интервјуто првично беше објавено во јули 2018 на страницата nikolaristevski.com.

Здраво живо Славче. Благодарам за овозможената прилика за интервју.

- Кој е Славче Таневски, каде пораснал и каде се образувал?

Еден од дванаесетте креатори на надворешниот изглед на автомобилите на Мерцедес. Мојата емоција ја пренесувам во формите на автомобилите. Роден сум во Свети Николе, пораснат во Скопје, а стручното образование го стекнав во Минхен на Факултетот за Дизајн.

- Како стигна таму каде што си сега?

Како што спомнав, првата станица ми беше Минхен. Во 2007 се запишав на Факултетот за Дизајн. Вакви школи има само 7 во светот. Германија ја одбрав поради развиената автомобилска индустрија и најповолните услови за студирање. Студиите ми беа практички ориентирани и цело време добивавме менторство од дизајнери од Ауди, БМВ, Мерцедес, Порше, Ламборгини...

Во третиот семестар почнав да работам за БМВ како дизајнер, а по 9 месечниот ангажман заминав на пракса во Мерцедес. Многу брзо потоа ми беше понудено работно место и поддршка при изработката на мојата дипломска работа. Од 2011 сум еден од 12 професионални дизајнери задолжени за надворешниот изглед на Мерцедес возилата. Патот до целта беше тежок и бараше доста трпение. Меѓутоа големата желба, макотрпната работа, страста за автомобилите и креирањето нешто ново ме донесе до ова што сум денес...

 Прочитајте го целото интервју - клик