За нас Импресум Контакт

Интервју со Славче Таневски, јануари 2019 година

 

Објавено на 19.01.2019, прочитано 951 пати

Во време кога многу луѓе се иселуваат буквално бегајќи од родните краишта во потрага по подобар живот, од кои многумина прифаќаат било какви работи само за да овозможат опстанок и мирен и достоинствен живот на најблиските, убаво е на јавноста да ѝ се пренесат и примери од наши луѓе во странство кои постигнале успех во своите области. Некои од иселените се и наши големи интелектуалци, научници, спортисти, умови. Еден таков пример, наш човек од Македонија, роден во Свети Николе е дизајнерот на најновите модели на „Мерцедес“ – Славче Таневски.

претходно - Интервју со Славче Таневски 2018

Здраво живо Славче. Благодарам за овозможената прилика за интервју. Се надевам дека со ова наше второ интервју ќе пренесеме убава порака до оние кои ја следат твојата работа, но и до пошироката јавност.

- Како ја започна оваа 2019 година?

Првиот битен настан за мене годинава беше промоцијата на мојот трет автомобил за Мерцедес, новата CLA. На моделот работев во Сан Диего, Калифорнија, а беше претставен во Лас Вегас на 8 јануари на Consumer Electronics Show (CES). Се работи за купе со четири врати со одлична аеродинамика, паметни системи за комуникација со возачот и патниците, напреднати перформанси, како и секси изглед. Обично не нудиме жолта боја, но издејствував овој пат да може да сенарача и жолта и црвена.

mercedes-slavce-1.jpg

- На што работиш во овој период?

Мојата работа има строго доверлив карактер. Работам на новите модели на Мерцедес, а ќе ги има многу. Тоа што сега го работам ќе биде достапно на пазарот во 2023. Ќе има електрични возила, суперспортски  возила, ултра-луксузни, автономни итн.

mercedes-slavce-2.jpg

- Како си помина дома за празниците?

Убаво е секогаш кога имам можност да ги видам родителите, роднините и луѓето што ги сакам. Акумулирам љубов за наредните 3 месеци и после пак. Ми беше чест и што се запознавме лично, ме радува што сè уште има (многу малку за жал) ангажирани луѓе со ентузијазам и љубов кон татковината и професијата.

mercedes-slavce-3.jpg

- Што мислиш за родниот град – Свети Николе?

Секогаш доаѓам во Свети Николе. За жал го гледам пусто, испразнето, анемично. По некој бран гастарбајтери за Велигден и Божик. Најголем настан - митинг на некоја партија за избори.

mercedes-slavce-4.jpg

- На какво мнение си за насилната промена на името на Република Македонија?

Се срамам што сум дел од генерација која го сторила најголемото злодело кон сопствениот народ - да се самоуништи. Но, како и секоја фашистичка струја и власт - и оваа ќе помине. За жал, последиците од ова сквернавење, бришење на сопствената историја во ова модерно време на криминал, тендери, раскол и несвесност не се бришат така лесно. Но, викаат пиреј е Македонецот...

- Што би им порачал на Македонците?

На Македонците би им препорачал да си го негуваат патриотскиот дух, да бидат посвесни и да шират љубов.

________________________________________________________________________________________

Благодарам за разговорот, ти посакувам многу успех во работата и да си жив и здрав!

______________________________________________________________________________________

прашања - Никола Ристевски, Овче Поле 2019