За нас Импресум Контакт

Кјубрик: Слетувањето на Месечината е лага, снимката е мое ремек-дело

Светот е во шок по појавувањето на видеоснимката од интервјуто на легендарниот режисер Стенли Кјубрик кој призна дека и помогнал на НАСА да ги сними и лажира сите филмови во кои американски астронаути слетуваат на Месечината.

Објавено на 13.12.2015, прочитано 192 пати

Американскиот режисер Стенли Кјубрик, во видео интервју направено само неколку дена пред неговата смрт, тврди дека НАСА никогаш не успеала да испрати астроанути на Месечината и дека стите тие снимки се монтирани и се всушност негово ремек-дело.Кјубрик признава дека целата планета во 1969 година, наместо директен пренос од слетувањето на Месечината всушност го гледала неговото дело.

Документарецот кој авторот го снимил на 3 март 1999 година, четири дена пред смртта на режисерот, е објавен дури сега бидеќи имал договор со Кјубрик да не се објавува 15 години откако ќе почине. Овој филм е само најнов аргумент кој љубителите на теориите на заговор ќе го користат во докажување на една од "најголемите измами“ во историјата на човештвото.

Тој додава дека се гордее на своите филмски остварувања, но и дека чувствува грижа на совест.

- Се чувствував лошо поради тоа, но и се гордеам. Тоа е страшен конфликт. Направив филм кој е мое ремек-дело, но за тоа не смеам да зборува и за него нема да се дозне 15 години по мојата смрт. Ја ги сносам сите последици заради одлуката што ја донесов пред многу години, да го монтирам слетувањето, вели режисерот.

Приказната е дека Кјубрик 16 месеци работел на специјално направена сценографија во Ханствил, Аризона каде го снимале филмот. Во јули 1969 година ракетата "Сатурн5“ во која се Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс е лансирана во орбитата, но во етерот е пуштена снимката на Кјубрик, додека тие кружат се до нивниот спуштање во Пацификот.

Видеозаписот од интервјуто и двочасовниот документарец на ова тема веќе неколку дена е поставен на Интернет, а веќе се појавија и бројни "аналитичари“ кои тврдат дека снимката не е веродостојна и дека на неа не е славниот режисетр туку негов двојник и глумец.