За нас Импресум Контакт

По трагите на древното рударство - Овче Поле

 

Na Rubu Znanosti 2012

Објавено на 01.01.2019, прочитано 358 пати

Крешимир: Понатаму би можеле да споменеме уште некои необични места, на пример Овче Поле и Ѓаволскиот ѕид, геоглифот…овде веќе можеме да ги споменеме и мегалитските ѕидови. Мора се рече дека тие се доста необични ѕидови за кои не е сигурно дали само така се градени и начинот на кои се спојувани или вметнати, дури до некаде и ги надминуваат нивните еквиваленти од другите места, како што можеме да заклучиме од овие слики.

Домагој: Точно да, тоа место се наоѓа во близина на Свети Николе, во втората по големина македонска котлина – Овче Поле. Местото народот го нарекува Ѓаволски Ѕид. Многу е интересно. Тоа е можеби најголемата пустош која постои во Европа. На југ од Богословец се наоѓаат многу квадратни километри дивина. До тоа место позади овој рид, Ѓаволскиот Ѕид ретко кој и доаѓа заради тоа што до него може да се пријде со возило, а потоа треба околу 3-4 часа пешачење, значи воопшто до таму да се дојде треба да се прејде екстремниот терен, бидејки таму воопшто нема пат, така човек тешко може да се ориентира до таму. Јас ја имав таа прилика, тоа задоволство, чест тоа провидение Божјо да ме испрати на патот до еден од најмладите доктори по археологија во Македонија, така да бев во негово и друштво уште на еден заеднички пријател, локален млад истражувач. Ние тројцата заедно таму дојдовме, на тој Ѓаволски ѕид. Ѓаволскиот ѕид спрема преданието, го изградиле ѓаволите во текот на една ноќ, односно ѓаволот е еден, кој одлучил овде да изгради каптажа за да го потопи полето. Меѓутоа кукурикнал Петок, односно петелот пред време, го разбудил Бога, и Бог го срушил тој ѕид. Тоа е народното предание. Значи, во пустелијата каде што нема ништо постојат фрагменти од еден ѕид кој доколку, а јас мислам дека е така, е мегалитски, да е граден, да е вештачка градба, веројатно е еден од најстарите мегалитски градби на светот, тој што се бави со мегалити, знае дека што поназад се враќаме во минатото, камењата се сè поголеми и поголеми, а техниката на градење се поневеројатна и поневеројатна. Во овој случај, каменот попрво би се распаднал и сронил, отколку да би паднал целиот ѕид. Тоа е многу интересно. Доколку се работи за таква градба, полигоналните карпи се преку 20 тони, тоа е нешто… и се наоѓа во средина на пустелијата. Кој го изградил тоа? Зошто? Тоа е една голема мистерија. Во близина на тој град Свети Николе се наоѓа и познатото место Била Зора, кој конечно некаде во вториот век пред новата ера го разориле Римјаните. Се работи за еден средишен дел на древното рударство, кој бил стратешки важен град за Македонските кралеви и за царот Александар Македонски. На тоа место имаме иста организација како и во местото Кршевица на врвот на Акрополата, каптирана вода, наоколу некакви пештери, и така натаму, со извонреден квалитет на мегалитска грабда, со многу прецизна изработка која сведочи за една вештина и голема концентрација на знаење и популација во тоа место. Повторно, недалеку од тоа место, го имаме тој познат геоглиф.

Крешимир: Дефинитивно ваква небесна стрелка заслужува многу посериозно внимание од обични слики од Google Earth. Колку е голем тој геоглиф воопшто?

Домагој: Па не е толку тешко да се процени, јас мислам дека се работи за околу 80 метри, можеби и повеќе, можеби и 100. Тој…тоа е многу интересно..тоа е вештачка градба, значи мојот пријател, локалниот археолог Горан Динев, кажува дека нема сомневање од испитаните примероци на земјата, дека не одговараат на локалното тло, дека е донесено од некое друго место, најверојатно од Била Зора, итн. Тој геоглиф, неговата оска е ориентирана е право кон север, неговиот облик упатува на оската до градите на соѕвездието Касиопеја, но интересно е дека во македонската азбука тоа го означува словото ЅЕ – останато од ЅЕЛО во глаголицата. Словото ЅЕ, значи дека тоа е врховното божество, Богот Сонце или Ѕеус (ЅЕ), односно денес кога Македонците на малите дечиња им велат ЅЕ, ЅЕ, ЅЕ….а тоа значи дека се стимулира нели…оваа…шестата чакра…значи тоа е како Божја чакра…светогледа – сèвидлива, итн.. Тоа место се нарекува Канда, КА е древно Македонско божество, на горна Македонија, има некоја поврзаност со змејовите, но сè некако упатува, целата таа симболика на тоа дека можеби се работи за гробница, за могила во која можеби е закопана некаква важна личност. Многу е интересно, точно (паралелно) од него на север се наоѓа, кога ќе ја повелечеме таа линија, некако околу десетина километри стигнуваме до Кокино нели, а на Југ точно до рудникот Алшар. Тој рудник Алшар е многу интересен, од него е вадена руда, лорандит, а од тој лорандит биле направени сонцата на штитовите на војската на Александар. Александровата војска секогаш се борела наспроти сонцето. Доктрината секогаш била иста, нападнатите да бидат со Сонцето позади нивните грбови, тие секогаш се бореле така. Зошто? Затоа што тој лорандит бил некој вид на природен ласер, тој толку моќно го рефлектирал Сонцето, и со тоа практично ја ослепувал противничката војска, и тие едноставно би ги исекле потоа. Тоа е тоа Македонско Сонце, кое ние го наоѓаме и на знамето на сите..нели…Македонски орнаменти. Ете, тие се некои занимливости кои се однесуваат на древното рударство тука..во околината на Свети Николе, таму ќе се навраќам со задоволство, и понатаму да истражувам во соработка со тие мои колеги и пријатели, но таму на тоа место, човек може едноставно да помине доста време, и со текот на времето пополека да навлегува т.е да биде дел од тие резонанци на древните настани…