За нас Импресум Контакт

Нафта, шкрилци, гас во Овче Поле...и многу вода

 

Нафта и гас во Овче Поле! Подземно езеро и чудни пронајдоци

Објавено на 14.12.2018, прочитано 539 пати

Во ше­е­се­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век нај­го­ле­ма сен­за­ци­ја во ме­ди­у­ми­те пре­диз­ви­ка­ло дуп­че­ње­то на ра­бот­ни­ци­те на „На­фта и гас“ од Но­ви Сад во 1969 го­ди­на. 

Сил­на­та еруп­ци­ја би­ла пре­диз­ви­ка­на од дуп­че­ње­то, а из­ва­ди­ле на­фта и гас на по­вр­ши­на­та на ер­џе­ли­ска­та дуп­ка на 2 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на. Ве­ста за на­фта сил­но ги про­трес­ла штип­ски­от и све­ти­ни­кол­ски­от по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент и на­се­ле­ни­е­то. Рас­по­ло­же­ни­е­то поч­на­ло да пре­ми­ну­ва во по­зи­ти­ви­стич­ка ко­ле­ктив­на хи­сте­ри­ја. Тоа го воз­бу­ди­ло и врв­ни­от по­ли­тич­ки естаб­лиш­мент во Бел­град. По­ра­ди тоа, ду­ри Ла­зар Ко­ли­шев­ски, кој во тоа вре­ме бил член на пре­тсе­да­телс­тво­то на Цен­трал­ни­от ко­ми­тет (ЦК) на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти на Ју­гос­ла­ви­ја (СКЈ) и член на Со­ве­тот на Фе­де­ра­ци­ја­та (член на нај­ви­со­ко ра­ко­водс­тво на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја), до­шол да ја сми­ри ат­мо­сфе­ра­та и да им да­де ин­струк­ции на ло­кал­ни­те по­ли­ти­ча­ри, сто­панс­тве­ни­ци и пар­ти­ски де­ле­га­ти.

Ко­ли­шев­ски го при­дру­жу­ва­ле ви­со­ки др­жав­ни и еко­ном­ски прет­став­ни­ци при по­се­та­та во Све­ти Ни­ко­ле, што по­твр­ду­ва де­ка на­ста­нот од 2 фе­вру­а­ри сил­но ги раз­бра­ну­вал си­те стру­кту­ри во то­гаш­на­та фе­де­ра­ци­ја. Во на­пи­си­те об­ја­ву­ва­ни на нас­лов­ни­те стра­ни­ци на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ се пре­не­се­ни све­дош­тва на ра­бот­ни­ци на ер­џе­ли­ска­та на­фте­на истраж­на пла­тфор­ма.

„Пло­до­род­но­то Ов­че По­ле, еден од жи­то­род­ни­те ре­ги­о­ни, е на до­бар пат во бли­ска ид­ни­на да пре­рас­не во пр­во на­фто­нос­но по­ле во Ма­ке­до­ни­ја. По по­ве­ќе­ме­сеч­ни истра­жу­ва­ња, ра­бот­на­та еди­ни­ца на „На­фта гас” од Но­ви Сад, под ра­ко­водс­тво на ин­же­не­рот Зо­ран Ми­ло­ва­но­виќ, на дуп­ка­та Ов­че По­ле 1, бли­зу се­ло­то Ер­џе­ли­ја, Све­ти­ни­кол­ско, на­и­де на пр­ви­те сло­е­ви на на­фта и гас“ (Но­ва Ма­ке­до­ни­ја, 5 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на).

„Од­вај ус­пе­ав­ме да ја за­пре­ме сил­на­та еруп­ци­ја на на­фта и гас. Ако не ус­пе­ев­ме, мо­же­ше да се слу­чи нај­ло­шо­то. Се­га еруп­ци­ја­та, ка­ко што гле­да­те, е скро­те­на и таа ќе се пу­шти ко­га за тоа ќе би­дат из­вр­ше­ни под­го­то­вки“, ни ре­че Рај­ко Ми­тро­виќ, во­дач на сме­на­та на дуп­ка­та и ра­бот­ник од „На­фта гас“. Ова е из­ја­ва што „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ја об­ја­ви­ла ка­ко глав­на вест на нас­лов­на­та стра­ни­ца на 5 фе­вру­а­ри 1969 го­ди­на.

Ста­ну­ва збор за све­до­че­ње на ра­бот­ник, кој ра­бо­тел на на­фте­на­та пла­тфор­ма кај се­ло­то Ер­џе­ли­ја.

„Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ об­ја­ви­ла де­ка експ­ло­зи­ја­та на га­сот пре­диз­ви­ка­на од дуп­чал­ка­та на „На­фта гас“ се слу­чи­ла на 2 фе­вру­а­ри око­лу 10 ча­сот утри­на­та. Во тек­стот об­ја­вен на 5 фе­вру­а­ри пи­шу­ва де­ка на дла­бо­чи­на од са­мо 470 ме­три из­би­ла сил­на експ­ло­зи­ја на гас со по­ја­ва на на­фта, ко­ја, ка­ко што пи­шу­ва, мо­же­ла да се ви­ди ду­ри од Ер­џе­ли­ја.

Но, што се слу­чи­ло – по са­мо не­кол­ку ме­се­ци ра­бо­та, ра­бот­ни­ци­те на „На­фта и гас“ си за­ми­на­ле. Истра­жу­ва­ње­то би­ло пре­ки­на­то. Ни­ко­гаш не би­ло об­ја­ве­но да­ли та­му мо­же да има на­фта иа­ко ма­ке­дон­ско­то Со­бра­ние од­во­и­ло зна­чи­тел­ни средс­тва за да про­дол­жат ис­пи­ту­ва­ња­та. И ту­ка за­вр­шу­ва це­ла­та при­каз­на за ов­че­пол­ска­та на­фта.