За нас Импресум Контакт

Немојте да јадете леб од човек кој го примил печатот на антихристот

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“

Објавено на 22.02.2018, прочитано 180 пати

ПОУКИ НА ГРУЗИСКИОТ СТАРЕЦ ГАВРИЛ УРГЕБАДЗЕ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА

Преподобен Гаврило Ургебадзе+ + +
Старецот поучувал:
„Во последните времиња луѓето ќе ги спасуваат љубовта, смирението и добротата. 
Добротата ја отвора вратата на Рајот,
смирението воведува во Рајот, 
а љубовта го покажува Бога.“ Сите оние што му доаѓале за благослов, тој со плач ги замолувал: „Чинете добро, за да ве спаси вашата доброта. Земјата веќе станала полу-пекол...“

• Запаметете: Христос е Еден, друг нема да има.

• Иако и порано се зборувало за доаѓањето на антихристот, тогаш немало вакви знаци. Имало војни, но немало небески чудеса и сеопшто отуѓување.


•Производите на кои го ставаат бројот на антихристот не може да ви наштетат. Тоа сè уште не е печатот на антихристот. Потребно е да се изговори молитвата „Оче наш“, да се прекрстите, да се напрскате со осветена вода – така се осветува секоја храна.

• Немојте да јадете леб од човек кој го примил печатот на антихристот.


• Во последните времиња антихристовите симпатизери ќе одат во црква, ќе се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди. Но, не им верувајте на оние кои нема да имаат добри дела. Само по делата можно е да се препознае вистинскиот христијанин.

• Вистинската вера е во срцето, а не во умот. По антихристот ќе појде оној којшто верата ќе ја има во умот, а ќе го препознае оној којшто верата ќе ја има во срцето.

• Местото каде што ќе го ставаат антихристовиот печат не е дланката, туку показалецот. 
Ќе го воведуваат со помош на компјутер под кожата и нема да биде видлив.
Во почетокот – по желба. А кога антихристот ќе завладее и стане господар на светот, ќе ги присилуваат сите да го примат тој печат. Оние кои нема да го примат, ќе ги прогласат за предавници. Тогаш е потребно да се појде во шума, по десет-петнаесет луѓе заедно. По еден или по двајца не можат да се спасат. Што и да се случи, не губете надеж во Бога. Бог ќе вразуми како да се постапи. Кој ќе биде јак во верата – нема да чувствува ниту глад, ниту жед, ниту ге го допрат природните катастрофи.


• Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвото ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност, - демони.


• Ако украдеш – си прекршил една од десетте заповеди. Кој постапи така – антихристот и така го примил. Човекот што верува ќе има доверба во Господа. А Господ, во последните времиња, ќе чини такви чуда за својот народ, така што еден лист од дрвото ќе биде доволен за месец дена. Човек што вистински верува ќе ја прекрсти земјата и таа ќе му даде леб.


• Ако една девојка силуваат, таа пред Бога ќе остане девствена. Така ќе биде и со печатот на антихристот: ако го стават против човековата волја, тој на човекот нема да делува.

• Во последните времиња не гледајте во небото: може да бидете измамени со чудесата кои таму ќе се случуваат, - да паднете во прелест и да погинете.Од книгата«Диадема старца. Воспоминания о грузинском подвижнике отце Гаврииле», стр. 148-150.

Преведе- Мина Даниловска

18-ти февруари, лето Господово 2016

Извор: http://preminportal.com.mk/paraleli/17304-pouke-gruzijskog-starca-gavrila-urgebadzea-o-poslednjim-vremenima