За нас Импресум Контакт

Новата книга за Свети Николе

 

Свети Николе - главната населба во Овчеполската Котлина

Објавено на 13.12.2018, прочитано 115 пати

Со оваа книга се претставува и прикажува Свети Николе, гратче кое се наоѓа врз старата населба Свети Никола (Клисели), под чиј слој со сигурност постојат остатоци од постари населби, дури и од претходни цивилизации. Географската поставеност на населбата околу црквата Свети Никола во средишниот дел на Овчеполската Котлина, која се наоѓа точно во центарот на целиот полуостров, заедно со климатските услови, културното наследство и природните ресурси на регионот, му овозможуваат потенцијал за иден економски и еколошки развој, во насока која ќе го задржи како главна населба на Овчеполската Котлина, но и ќе го прошири влијанието на овој град врз целиот Овчеполски регион, кој има свои засебни природни и културни карактеристики. Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина е книга која на читателите им овозможува да се запознаат со значењето на единствениот град со име на светец во Република Македонија и плодородниот Овчеполски регион.

Повеќе за книгата - клик