За нас Импресум Контакт

Новиот светски поредок ќе се воспостави со лажен напад од вонземјани на кој ќе му предходи голема светска криза и хаос

 

Канадскиот новинар и истражувач Серж Монаст (1945-1996) прв предупреди на проектот Blue Beam (син зрак), во средината на деведесетите, а потоа ненадејно почина под сомнителни околности.

Објавено на 23.10.2015, прочитано 142 пати

Планот би се одвивал во четири чекори, а крајниот резултат би требало да биде конечно и потплно воспоставување на нов светски поредок, со нова вера - на антихристот.

Ако се земе во предвид дека за "корист" од напад на вонземјани на планетата Земја размислувале многу научници но и политичари, можноста за такво сценарио и не звучи така неверојатно.

Предходниот председател на САД Роналд Реган во неколку свои говори изјави дека човештвото би го обединило само некаков напад од вонземјани. Истакнатиот американски економист Пол Кругман има изјавено дека лажен вонземјански напад сигурно би ја "покренал" економијата.

Наводниот проект Blue Beam е осмислен да го лажира повторното доаѓање на Месијата и истото би се одвивало во четири чекори.

Првиот чекор подразбира разнишување на фундаменталните верувања за постанокот на човекот, религистките доктрини и целокупната филозофија на живеењето. Дали ова е тешко остварливо? По Монаст, тоа е повеќе од изводливо. Наводно светската влада лесно може да предизвика земјотрес на стратегиски одбрано место (што за жај, им го овозможи Никола Тесла со своите пронајдоци) , каде "случајно" ќе бидат откриени древни "изгубени" археолошки докази кои ќе ги доведат во прашање религиските доктрини. Ние веќе сме подготвени за ова со различни манипулативни медиски кампањи и научно-фантачни филмови за вонземски цивилизации и технологии.

"Пронајдените" фалсификувани докази на археолозите ќе сугерираат дека тоа докажува за било која религија или култура, дека верниците биле "лажени" со илјадници години. Со ова повеќето луѓе ќе почне да се сомнева во своите досегашни фундаментални духовни верувања во Бог и библиските и други верзии за Судниот ден. 

Вториот чекор подразбира користење на ласерски светла и звуци за проектот на блескава и комплетно измислена "шоу програма" на небото. Некои сметаат дека во овој дел од планот учествуваат и хемтрејлс (Chemtrails), хемиските траги од авионите кои освен што не трујат и го шараат небото во бело и сиво што претставува идеална позадина за проекција, како платното во киносалите.

Што ќе биде тематика на претставата? Освен слики од НЛО со тридимензионален оптички холограм проследен со посебен звук, најверојатно ќе има и "религиски додаток". Различни слики за различни делови од светот во склад со доминантната религија во тоа подрачје. "Божјиот глас" ќе може да се чуе на неколку јазици (со емитување на многу ниска фреквенција со помош на HAARP инсталациите).

Сето тоа ќе биде симулација на Апокалипса на која ќе бидат прикажани одредени сцени (за христијаните - библијски). Наводно веќе се конструирани уреди кои ќе можат да подигнат многу луѓе во воздух (Вознесение), и тие луѓе повеќе нема да бидат видени на земјата. Според Монаст, вовед во оваа "вежба" се наводните киднапирања од страна на вонземјани. Веќе одамна е развиен компјутерски софвер преку кој ќе се координиаат сателитите да проектираат анимации и звуци на верниците ширум светот, со што ќе им се проектира дека нивниот спасител се вратил за потоа да следи проекција од Христос, Мухамед, Буда и Кришна како се соединуваат во еден бог. Тој "бог", смета Монаст, всушност ќе биде антихрист. Тој дополнително ќе појасни дека различните свети книги биле погрешно толкувани и разбрани (за што човештвото ќе биде припремено од првиот чекор) и дека старата религија е виновна за војните на земјата.

Значи, старите религиски доктрини треба да се укинат за да се отвори пат за една светска религија на новото доба со нов "бог" - антихрист.

Монаст тврди дека, ни помалку ни повеќе - официјално Обединетите Нации ќе ја внесат религијата на новото доба, и сето тоа со Бетоновата "Ода на радоста".

Третиор чекор е проектирање на одредени визии во човечките умови така што ќе изгледа како да се работи за сопствено искуство на секој поединец дека го контактирал лично Бог. Ова е возможно со користење на EL, F, VLF и LF бранови (и скаларни бранови), кои влијаат на мозочната активност со што секој поединец ќе слуша како Бог лично разговара со него, и нема да може да ја види разликата од сопственото размислување и наметнатата "волја".

Повеќето луѓе "во срцето" ќе го знаат токму она во што наводниот бог сака да веруваат. "Без универзално верување во религијата на новата ера, успехот на новиот светски поредок нема да биде возможен" - пишува Монаст.

Четвртиок чекор подразбира предизвикување натприродни појави, накратко - се работи за тоа да човештвото поверува дека тукушто започнала инвазија на вонземјани во секој поголем град на планетата, со што, сите кои поседуваат нуклеарно оружје ќе бидат натерани да го активираат или барем да го стават во приправност. Светот ќе биде на работ на нуклеарно уништување, но до напад никогаш нема да дојде. Оваа исклучително опасна ситуација ќе биде повод нациите повторно да се здружат и да се разоружаат под поктовителство на УН.

Патем, луѓето ќе бидат излажани дека до напад не дошло само поради тоа што некои други добронамерни вонземјани дошле да ги спасат "добрите" луѓе на Земјата од сатанистички напад на "лошите" вонземјани.

После тоа следи таканаречената "ноќ на илјада ѕвезди". Според Монаст, сите кои што ќе му застанат на патот на новиот светски поредок ќе бидат уапсени, убиени или прогласени за "изчезнати", а се под маската на претстојното библијско Вознесение. Иако наводните "спасители" (добри вонземјани) стигнале - тоа не значи дека битката е добиена, напротив, потребно е да се обезбеди потполно единство да би преживеало човештвото.

А за да дојде тоа, објаснува Монаст, изрежиран е специјален "лајт шоу". Во текот на две ноќи ќе бидат користени психотронични направи - за проектирање натприродни, сатанистички слики во човечките умови. Многумина ќе гледаат духови и ќе паднат во состојба блиска на лудило, што ќе предизвика глобална паника, самоубиства, убиства и нереди.

После "ноќта на ијлада ѕвезди", човештвото ќе биде спремно да го прифати било кој нов "месија" кој повторно ќе воспостави ред и мир, дури и по цена на личната слобода.

Вовед - лажирана светска криза

Кога ќе се случи ова? Монаст зборува за некои дваесетина години (изјавата ја дава кон крајот на 1995), а првиот индикатор за почеток на спроведување на планот ќе биде промена на монетарниот систем. Овој дел според него ќе се одвива во две фази. Првата фаза подразбира креирање економска криза (која што се случи во 2008 година). Кризата ќе доведе до "потреба" од промена на доларот во нова валута - една која би се користела во САД и друга за остатокот од светот. А тогаш, ќе биде изрежирана уште една криза која ќе настане поради пораст на корупција, измами и фалсификување на парите.

Сето тоа ќе биде едноставно решено така што светот ќе се "ослободи" од кешот, и целиот финансиски систем ќе биде пренесен во компјутер. На овој начин новиот светски поредок ќе може да ги следи сите трансакции и лесно ќе дознае се што сака да знае за нас. Со следење на парите лесно ќе ги детектираат сите потенцијални предизвикувачи на проблеми кои веднаш би ги елиминирале или контролирале.

Анонимниот кеш значи слобода и затоа мора да биде отстранет за целосна контрола на нашите животи.