За нас Импресум Контакт

За големиот и плодороден Овчеполски регион - древното Овче Поле, Овчеполската земја

 

Силниот ветер и огромните количини на подземна вода, заедно со скоро три илјади сончеви часови во годината, солената земја, Овчеполската степа, пространата рамница и малкуте ридови во Овчеполието, го прават овој регион неизмерно богат со природни ресурси...

Објавено на 25.12.2018, прочитано 564 пати

Овчеполскиот регион е еден од ретките предели во светот кој има толку многу културни и природни разновидности. Лоциран во и околу големата и плодородна Овчеполска Котлина, регионот со древно име Овче Поле изобилува со природни ресурси и непроценливо културно наследство. Силниот ветер и огромните количини на подземна вода, заедно со скоро три илјади сончеви часови во годината, солената земја, Овчеполската степа, пространата рамница и малкуте ридови во Овчеполието, го прават овој регион неизмерно богат со природни ресурси. Неколкуте стотини потврдени и многу пати повеќе непотврдени археолошки локалитети од различни ери и епохи – од палеолит, преку неолит до рана антика и понатаму, го потврдуваат непроценливото културно наследство на Овчеполскиот регион. Природните граници на Овче Поле се потврдени уште во научни трудови од минатите два века, а културните особености, обичаи и традиции му даваат дополнителна вредност на овој дел од Македонија.

Повеќе информации за Овче Поле можете да прочитате во книгите:

Зборник за Овче Поле – книга прва

Зборник за Овче Поле – книга втора

Зборник за Овче Поле – книга трета

Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина

За Овчеполските работи

На интернет се достапни редовни информации за новите изданија, а на пролет следуваат организирани туристички и авантуристички прошетки низ Овче Поле.