За нас Импресум Контакт

За Овчеполските овци, говеда, свињи и коњи

 

Објавено на 05.01.2019, прочитано 120 пати

Според текстот „Овчеполско сточарство“ од Јован Трифуноски, објавен во 1987 година, уште тогаш се забележувало значително опаѓање на бројот на стоката која била чувана во Овчеполието. Споредбено со старите информации од турските „тапу дефтери“, нема никаков простор за споредба на чувањето на говеда, овци и коњи во Овче Поле во минатото и денес. Бројките од 1971 и 1981 покажуваат за децениската негрижа за оваа значајна стопанска гранка.

Во 1971 година во Овче Поле имало 43,158 овци, 3,608 говеда, 2,974 свињи и 1,633 коњи.

Во 1981 година во Овче Поле имало 36,921 овца, 1,827 говеда, 2,433 свињи и 733 коњи.

- Никола Ристевски, ноември 2018