За нас Импресум Контакт

Писмото од Бела Зора кај Кнежје во Овче Поле

 

Дали писмото од стариот антички локалитет кај Свети Николе е слично, скоро исто со денешниот Македонски јазик?

Објавено на 09.06.2015, прочитано 368 пати

Цели генерации на жители на Република Македонија упорно тврдат дека денешната ситуација во која што се наоѓа Републиката е последица на странските агенди за уништување на Македонија. На истото им одговарам потврдно, но секогаш им посочувам дека сепак поголеми виновници се домашните службеници кои и свесно и несвесно одработуваат за туѓи цели и планови. Истите со своите (не)дела низ годините допринеле за ништење и бришење на колективната свест на Македонскиот народ. Поврзаноста на денешните генерации со антиката, но и периодите пред тоа не може да се оспори, колку и во тоа да сакаат да успеат модерните лажни авторитети. Една днк-анализа на народот од неколку региони во Републиката и споредба на резултатите со днк на пронајдени човечки остатоци од тамошните археолошки локалитети ќе биде доволна за почеток, но ниту се спремни ниту дораснати за такво нешто. А народот е и те како подготвен и сам да ги отвори древните светилишта кои се посилни од секакви разговори, преговори и договори.

Пример за тивкото бришење на непроценливото културно богатство со кое што располагаме и информациите кои ни доаѓаат од светата ризница на предцитеОткако уште пред 7 години TFAHR објави дека на еден артефакт од Кнежје напишаното значело ancient Greek characters ΠIEI, which translates to ‘Drink!’ (испишаното на делот од артефактот кој служел за пиење, на „старогрчки“ ΠIEI со значење „Пиј!“), никој од надлежните институции и соодветната „фела“ не ги демантираше. ΠIEI пред 2300 години и ПИЈ денес, наш јазик си е тоа.

Артефактот бил увозен и „пиј“ било на „старогрчки“, а ние од таму ли денес уште велиме „пијам вода“, пиј, напиј, испиј…

ПIЕI е само уште еден во редица на фактите кои потврдуваат дека пред милениуми на овие простори се говорел јазикот кој со мали промени се зборува и денес.