За нас Импресум Контакт

Дали Распутин доаѓал во Македонија?

 

Дали Распутин доаѓал во Македонија? Текст од дневен весник објавен пред повеќе од деценија:

Објавено на 14.12.2018, прочитано 295 пати

Една од најголемите тајни од животот на Распутин е неговата посета на Македонија и на манастирите на Света Гора, непосредно пред почетокот на Илинденското востание. Тоа е тајна, која сè уште не ја знае никој.
 
Семејството на Распутин во Русија систематски било малтретирано и понижувано. Распутин бил против начинот на кој тогашните големи сили ги воделе “своите војни”, а особено Русија. Единствената што имала разбирање за тоа што го кажува Распутин, била царицата Аликс, но тоа не било доволно, бидејќи неа не ја слушал никој. Еден ден рускиот цар Николај Втори и кажал на царицата дека Распутин ќе биде убиен, затоа што му пречи и што “му направил хаос”. Дека тој за него претставува “ноќна мора”. Убедувањата на царицата да не го прави тоа воопшто не допирале до Николај. И наредил на царицата за извесно време да го напушти Петроград. Во тоа време таа била бремена.
 

На 11 декември 1916 година, на Светите петнаесет пивериополски маченици, таа пристигнала во Новгород. Заедно со придружбата заминала на служба во црквата “Света Софија”. Оваа црква е изградена за време на Димитриј Варда Палеолог, внукот на Самуил. Таму и ја купила иконата на света Петка, која по само неколку дена подоцна ја спуштила во ковчегот со мртвото тело на Распутин. Целосно растревожена од она “што ќе се случи” и се слошило. Вечерта прокрвавела и го изгубила бебето.

Неколку дена подоцна Распутин ќе биде убиен. Застрелан со куршум, така седејќи на стол. Сите приказни дека трчал надвор, па дека го бркале и пукале по него се целосно измислени. Бил убиен од Турчин, Феликс Јусупов, чиј родослов до “пророкот Мухамед” исто така е целосно измислен. Тој е оксфордски ученик. На Оксфорд учел заедно со српскиот принц Караѓорѓевиќ, со грчкиот принц, со кралот на Португалија, Мануел и со други слични персони. Бил верен член на “Јахт клубот”, заедно со Абрамович.

Но планот за “контролираната нестабилност” морал да продолжи. Царското семејство се качило на воз и требало да допатува во Екатеринбург. Таму требало да почека да завршат немирите и подоцна да се врати во Петроград и да ја прогласи толку очекуваната “уставна монархија”. Бил издаден налог да се убие целото семејство на Распутин. Но семејството тоа го дознало. На една железничка станица, зетот на Распутин, Борис Соловјов (син на Николај Соловјов, кој бил благајник на Светиот синод на црквата) на разбеснетиот народ му кажал дека во возот се наоѓа царското семејство. На бесниот народ толку му требало. Се нафрлило на возот и го убило целото семејство. Во пресметката со обезбедувањето загинал и самиот Борис Соловјов, свршеникот на ќерката на Распутин, Марија. Царското семејство никогаш не стигнало во Екатеринбург. Русија останала без цар. Тоа е накусо содржината на т.н. Февруарска револуција.

Октомвриската револуција почнала со фингирано пукање од крстосувачот Аурора. “Револуционерите” речиси без борба ги зазеле сите клучни згради.

Ќерката на Распутин, Марија, ќе мора да бега во странство за да остане жива. Брат и Димитриј и мајка и Параскева претходно умреле речиси од глад (скорбут). Марија прво заминала за Париз, од таму за Америка. Во Америка речиси цел живот работела во циркус како скротител на тигри и лавови. Нешто како “гладијатор”. Кутрите Американци не можеле да и обезбедат ништо подобро.

Нејзиниот гроб е на гробиштата Роседале, во Лос Анџелес, Калифорнија. Местото се вика Вест Адамс. Останала едноставна жена цел живот. Објавила една книга за својот татко, заедно со новинарката Бархам Патте. Таа е позната по својот бестселер за Мерлин Монро. (Можеби настаните поврзани со Џон и Роберт Кенеди ја потсетиле на Распутин. Но тие биле такви само навидум. Во основа не биле ни малку слични).

Инаку, непосредно пред убиството на Пол Хлебников во Москва, Русија од магазинот Форбс ги откупи т.н. “Фабержеови јајца” на царското семејство Романови. Во Индија Саи Баба еднаш годишно вади различни, дури и златни јајца, така од ништо. Од раката, “од никаде” вади прав, како потсетување дека сите ние сме само тоа: земја и прав. Се ќе пројде, кажаното од Господ нема.

Македонија била разделена на три дела, зошто таа како и обично “немала време за чекање”. Турците извршиле невидени масакри во Ерменија и во Курдистан, за Босна знаеме сите – “Дервишот и смртта”.

А што правел Распутин во Македонија, ќе биде раскажано “еден убав ден”, кога ќе ги снема овие изроди од Македонија.

Димитар Гелев, Дневник 2006