За нас Импресум Контакт

„Старите“ книги и „модерното“ човештво

 

Изданијата од Овче Поле веќе се читаат во многу семејства ширум Република Македонија и во странство, а со квалитетот на содржината го претставуваат наследството од предците за денес, но и ги отсликуваат денешните ресурси и потенцијал кои би требало да бидат поразумно упот

Објавено на 04.01.2019, прочитано 323 пати

Почетоците на секоја нова календарска година се период во кој многу роднини, другари, пријатели, соседи и колеги си подаруваат внимание, време и подароци. Времето поминато со оние кои што ни значат и вниманието за најблиските е најголемиот подарок кој воопшто може да постои. Духовноста секогаш може да го стабилизира материјалниот свет на постоењето, а истото тешко се случува во обратен правец, дури и е невозможно. Материјалните подароци се разликуваат не само според длабочината на џебовите на оние кои ги купуваат, туку и според вкусовите и интересите на оние кои треба да ги добијат подароците, но се разликуваат и по времетраењето на употреба откако биле подарени. Современиот технолошки напредок, паметните уреди и достигнувањата на технологијата се предизвик за многумина, кои иако свесни за брзата промена во трендовите со таквиот вид на продукти, често одделуваат средства за да подарат нешто скапо, кое за волја на вистината и нема да биде користено некое долго време. Што стана со скромните и искрени подароци од минатото? Дали луѓето заборавија да читаат од страниците на книгите и започнаа да се срамат од „старите“ книги, затоа што веќе модерните уреди се нераскинлив дел од нивното секојдневие? Можеби...
 
Зошто КНИГИ?
 
- Книгите се лесно преносливи
- Книгите се нашите најтивки пријатели кои умеат да ни ги размрдаат умовите
- Постојат книги за сечиј вкус, а од многу изданија можат да учат и најмладите и највозрасните
- За да ги читате не ви се потребни ни батерии, ниту полначи, само соодветна светлина и удобна положба
- Никогаш не можете да имате „премногу книги“
- Книгите се едни од најевтините подароци со најдолг рок на траење
- Книгите можат да траат доживотно и да бидат оставени како семејно наследство на идните генерации
 
Семејствата кои си ги почитуваат корените и потеклото, често имаат книги за своите родни краишта, а чуваат и стари документи, фотографии и спомени од предците. Изданијата од Овче Поле веќе се читаат во многу семејства ширум Република Македонија и во странство, а со квалитетот на содржината го претставуваат наследството од предците за денес, но и ги отсликуваат денешните ресурси и потенцијал кои би требало да бидат поразумно употребени од новите генерации...
 
И така натаму...ЧИТАТЕ ЛИ КНИГИ?
 

 www.ovcepole.mk