За нас Импресум Контакт

Едиција „Зборник за Кратово“ - книга прва, книга втора...

 

Никола Ристевски & Стевче Доневски - Зборник за Кратово - книга прва, книга втора, книга трета

Објавено на 12.12.2018, прочитано 293 пати

ЗБОРНИК ЗА КРАТОВО - книга втора

Ретки народни преданија, легенди, сведоштва и приказни од Кратово и околината

„Од лажна легенда не се живее, од права, чуена, вистинска легенда се живее и век се векува!“

Здраво живо, почитувани читатели. Ви благодарам за досегашниот интерес за моите книги, научната работа и истражувањата. Како што повеќето од вас се запознаени, освен Зборниците за Овче Поле и останатите дигитални и печатени изданија, годинава беше објавена и книгата „Зборник за Кратово - книга прва“.

Во неа за прв пат ги објавив пророштвата од Кратовските старци, собрани од мојот драг пријател и соработник Стевче Доневски од Кратово. Заедно работиме на неколку книги, а наскоро ја објавуваме „Зборник за Кратово - книга втора“, на која и двајцата сме потпишани како автори.

„Или е излиен, или е за лиење, или е пун калај.“

Во вториот Зборник за Кратово освен фототипи од стари книги и мои репортажи со импресии од овој древен Македонски град, ќе можете да читате и многу други податоци и информации, кои како и поголемиот дел од досега објавената содржина - за прв пат ќе бидат објавени во печатено издание.

„На радост не се смеј, на жал не плачи“

Ќе читате легенди поделени во три поглавја по 24, 14 и 7 легенди, многу народни преданија, приказни, сведоштва за вистински настани, информации за луѓе со натприродна сила, податоци за јасновидците и пророштвата, народното разбирање на временските промени и циклуси, народни лекарства и природни иљачи, кратовски изреки - сите уредно собрани, запишани со потврдени информатори од Стевче Доневски во изминатите неколку децении. Освен ова, ќе читате и неколку „изненадувања“ преку текстови кои ја претставуваат и прикажуваат поврзаноста на Кратовскиот регион со Овчеполието...

Никола Ристевски[/caption]

„Летоска одуе, зимоска зимуе, на тепсија со пари играе!“

„Зборник за Кратово - книга прва“ можете да ја набавите преку Никола Ристевски и/или Стевче Доневски, од интернет страницата www.zbornikzakratovo.wordpress.com, преку фан страницата на fb или во одделот Книготека.

 

Еден Кратовски Митрополит, кој бил видовит, починат на Света Гора рекол – тај шо ќе појде пешки од Кратово и ќе се помоле на моите мошти, кога ќе се врате у Кратово ќе подигне црква огромна. Има која ќе даде пари, откако ќе распродаде.Православие ќе биде у немир, ама нема да пропадне – душмани сами ќе се јадат!

Митрополит Атанасие, видовит, глава му отсекле 1732 година на Баба. Рекол – колку гуки ќе паднат, толку куќи да се направат, мир да нема градо 10 појаса мир да немате, митрополија да немате. Дури по два и кусур века монаштво у Кратово ќе се развие и побожни луѓе ќе доаѓат.

Свештеник Михајло, кај народ познат како Митрополит видовит нема кого не е примал од сите вери, рекол – побожно дете ќе га прославе Кратово по цел свет!

Свети Гаврил Светогорец е кажал дека река народ ќе го посетува Лесново, пут преко Кратово ќе ги оде, ќе се обноват многу цркви и манастири. Ќелијата негова во Луково е свето место.

Една стара жена од Кратово кажа дека ќе се направи скоро огромна црква во Кратово и дека ќе се врате православието од Пчиња до Струма. Рекла и дека – што е со  сила направено ќе се сруше, река ќе однесе со поплави, народ ќе има па ќе однема, сами ќе се јадат, крв ќе падне, стап туј ќе остават.

Тодос Петковски служител у школо рекол – е деца, ќе дојде д`н оџа па ќе вика у Кратово, народ ќе се продава, вера ќе си продаде сал глава да спасе.

Дедо Коле од Пезово кажал – ќе дојде д`н зобница ќе се врате на род, мушко женско табла на грб ќе носат, свет ќе се гледа шо со години не се е видел, роднини па ќе се глеат дури и од далеко. Бесценет камен дете ќе најде у гладно поле и вода ќе открие голема тајна! Нешто од небо ќе падне, вода ќе врие, народ огромна штета ќе претрпе, како свитки у кандило ќе се свиткат стари што са правиле, а сга деца и патат, да ги ожалеш, ни криви ни дужни млади фиданки.

 

(продолжува)

 

Собрал и запишал - Стевче Доневски, Кратово

Уредил и објавил - Никола Ристевски, Овче Поле