За нас Импресум Контакт

Свети Прохорија од Овче Поле

 

Легенди и преданија од Овче Поле - од книгата ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ

Објавено на 23.12.2018, прочитано 111 пати

СВЕТИ ПРОХОРИЈА ОД ОВЧЕ ПОЛЕ

Преданијата зачувани од староседелците во Овче Поле, заедно со прераскажаното житие на Свети Прохор Пчински потврдуваат дека родното село на светителот било во Овчеполието. Според објавениот запис на Цепенков од 1900 година, Прохорија бил син на Јоан и Марија од Овчеполското село Ерџелија. Во житието на Светецот, пишува дека родители му биле Јоан и Ана. Според преданијата од населението, можно е селото во кое бил роден светецот тогаш да носело друго име или да станува збор за некое друго село, кое исто така било во Овчеполската Котлина. Традицијата на населението да го посетува Пчинскиот манастир по аџискиот пат го потврдува значењето на Свети Прохор за населението од Овче Поле.

Според записот на Марко Цепенков и преданија од повозрасни староседелци

  • од книгата ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ

 Никола Ристевски, 2018