За нас Импресум Контакт

Железничката линија Овче Поле - Свети Николе - Куманово

 

И покрај најавите и неколкуте обиди во минатиот век за изградба на железничка пруга Овче Поле – Свети Николе – Куманово, тоа никогаш се нема случено...

Објавено на 14.12.2018, прочитано 279 пати

Железничката станица именувана „Овче Поле“, која се наоѓа во близина на селата Богословец и Амзабегово и регионалниот пат Штип – Велес, е железничка станица во Македонија која се наоѓа на железничката пруга од Велес до Кочани. Изградена е на 10 километри од Свети Николе и пуштена во употреба во 1924 година.

По изградбата на железницата, трговијата во регионот започнала да намалува, а локалните производители и трговци никогаш не ги вратиле старите позиции. И покрај најавите и неколкуте обиди во минатиот век за изградба на железничка пруга Овче Поле – Свети Николе – Куманово, тоа никогаш се нема случено, со што Овчеполските трговци и производители се оневозможени да ја поврзат централната населба Свети Николе со железничка линија.

Вториот обид за поврзување на Свети Николе со железничка пруга е документиран и во архивата на ЦИА.

На оваа железничка станица е снимена сцената од филмот „Трето полувреме“, во која народот ја пее песната „Море сокол пие“.