изборПревземено

Колку цркви имало во градот на Свети Никола?

Податокот дека во Свети Николе имало 40 цркви не е точен. Досега не се откриени материјални и пишани докази за ова тврдење. Навистина, градот го добил името Свети Николе по црквата Свети Никола, околу која се развила и населбата. Пронајдените остатоци од ранохристијанска базилика, гробови и артефакти недвосмислено кажуваат дека  врз темелите на малата црква била изградена поголема црква, врз која е изградена денешната црква.

 

За време на турското владеење, Турците го именувале Свети Николе со КЛИСАЛИ – што значи населба покрај црква, додека христијанското население го именувало Свети Николе по црквата.
Сегашната камбанарија е изградена во 1927та година, на местото на старата дрвена градба. Чуваме податок дека околу 1400-тата година еден болјарин од Прилепско на црквата Свети Никола во Овчеполското село Свети Николе подарил камбана. Тоа ни дава до знаење дека сепак оваа црква е многу постара од она што се тврди денес.
Турскиот патеписец Евлија Челебија во 60те години на 17от век два пати престојувал во Свети Николе. Во своите патеписи населбата ја именувал со КИЛИСАЛИ. И францускиот патеписец Ами Буе го именува Свети Николе со КИЛИСАЛИ, исто како и Челебија. Во пописите од турските тапу дефтери Свети Николе е именувано со И-С-В-И  Н-И-К-О-Л-А. Во пописниот лист се забележани маалата: Бузурк (големо маало) и Кучук (мало маало), но и посебно село Свети Николе. Двете маала припаѓале на Штипската нахија, а населбата Свети Николе било во состав на Нагоричката нахија.
Кај постарите Светиниколчани е сочувано преданието дека во Свети Николе во средните векови имало 40 цркви и дека за време на Турското владеење, тоа било именувано со Крк Клисали. Меѓутоа, за истото нема писмени и материјални докази.
Архитектот Николај Карташев, инспириран од ова предание пред влезот на Градскиот Парк во Свети Николе ја проектирал колонадата од 40 столбови – симбол на топонимот Крк Клисали.
Во Гинисовата книга на рекорди запишано е дека во Старо Нагоричане за време на Турското владеење имало 40 цркви, според што било именувано Крк Клисали.

Се надеваме дека локалната самоуправа конечно ќе ангажира стручни лица со доволен кредибилитет, знаење и искуство за да се избистрат историските податоци за единствениот град со име на светец во Република Македонија. А дотогаш, на помош Свети Никола!
Лазар Серафимов и Никола Ристевски, 2013та

Newsletter
Sign up for our Newsletter
No spam, notifications only about new products, updates and freebies.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *